Doğa Kırmızıoğlu
27 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Џеди Осман, охриѓанецот кој како турски интернационалец настапува во редовите на Кливленд Кавалирс, со своите 22 постигнати поени даде голем придонес во победата на својот тим над Детроит Пистонс со 119:128, на натпреварот што се одигра во рамките на американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА. Во натпреварите од Источната конференција, екипата на Кливленд Кавалирс му гостуваше на Детроит Пистонс. На натпреварот кој во регуларниот тек заврши без победник 101:101, имаше две продолженија, по кои Кавалирс извојува победа од 119:128.
Кливленд освари две победи на два натпревари во почетокот од новата сезона, а охриѓанецот Џеди Осман, поминувајќи 26 минути на теренот, оствари учинок од 22 поени и 4 скока, давајќи голем придонес во победата на гостите.
Најпрецизен во редовите на Кавалирс беше Колин Секстон со 32 поени, 3 асистенции и 2 скока, а дабл-дабл остварија Андре Драмонд со 23 поени, 16 скока и 5 асистенции и Дариус Гарланд со 21 поен, 12 асистенции и 5 скока.
Во редовите на Пистонс, кој сè уште не оствари победа во новата сезона, најпрецизни беа Џереми Грант со дабл-дабл учинок од 28 поени, 10 скока и 2 асистенции и Блејк Грифин со 26 поени, 6 скока и 4 асистенции.
- Во возбудлив натпревар победник Блејзерс -
Во натпревар од Западната конференција се сретнаа екипите на Портланд Треил Блејзерс и Хјустон Рокетс. На средбата во која првите две четвртини им припаднаа на гостите, на полувреме се замина со водство на Хјустон од 58:68. Во третата и четвртата четвртина подобра игра прикажаа домаќините и регуларниот тек од натпреварот заврши нерешено 113:113. Во продолжението на натпреварот Блејзерси успеаја да победат со 128:126 и да ја остварат својата прва победа сезонава.
Најзаслужни за победата на Блејзерси на овој натпревар беа Џејмс Маколум со 44 поени, 8 асистенции и 3 скока и Дејмијан Лилард со 32 поени, 9 асистенции и 5 скока.
Во редовите на Рокетс, кој го доживеа првиот пораз сезонава, напрецизни со дабл-дабл учинок беа Џејмс Харден со 44 поени, 17 асистенции и 4 скока и Кристијан Вуд со 31 поен, 13 скока и 3 асистенции.
- Филаделфија Севентисиксерс без проблеми до победа -
Во Источната конференција, екипата на Филаделфија Севентисиксерс играше против Њујорк Никс. Екипата на Севентисиксерс го имаше водството во своите раце во текот на целиот натпревар и на крајот славеше со 109:89, постигнувајќи ја и втората победа сезонава.
Кај Сиксерси дабл-дабл учинок оствари Џоел Ембид, постигнувајќи 27 поени, 10 скока и 2 асистенции, додека Тобијас Харис и Сет Кари постигнаа по 17 поени.
Ова е втор пораз на Никси, а најпрецизни во неговите редови беа Џулиус Рендл со 25 поени и 7 скока и Алек Буркс со 22 поени, 5 скока и 3 асистенции.
- Резултати:
Мемфис Гризлис - Атланта Хоукс 112:122
Шарлот Хорнетс - Оклахома Сити Тандерс 107:109
Детроит Пистонс - Кливленд Кавалирс 119:128
Вашингтон Визардс - Орландо Меџик 120:130
Њујорк Никс - Филаделфија Севентисиксерс 89:109
Чикаго Булс - Индијана Пејсерс 106:125
Сан Антонио Спарс - Торонто Репторс 119:114
Јута Џез - Минесота Тимберволвс 111:116
Портланд Треил Блејзерс - Хјустон Рокетс 128:126
Сакраменто Кингс - Феникс Санс 106:103.