Aylin Sırıklı
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Министерот за култура и туризам на Турција, Наби Авџи беше гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency во Анкара, а во таа пригода одговараше на прашања од уредниците на Anadolu Agency (AA).
Министерот Авџи рече дека министерството подготвува програми за поддршка, како што е претходно поставената програма „Генч-дес“ (поддршка за млади), во чии рамки ќе се обработуваат теми поврзани со настаните пред и по 15 јули.
Министерството за култура и туризам ќе даде особена поддршка на сите музички форми, документарни филмови и филмови на теми поврзани со отпорот на турскиот народ против обидот за државен удар на 15 јули. Тие подготвуваат три натпревари на полето „Постер, дизајн и видео“.
- Повлечени се од служба оние што се дел од истрагата за ФЕТО
Во врска со вработените од Министерството за култура и туризам кои се повлечени од службата во рамките на истрагата за ФЕТО, министерот Авџи изјави:
„За 490 лица е поведена истрага, од кои 317 се повлечени од службата. Потоа 175 лица беа отстранети од службата, додека во моментов продолжува истрагата за 297 лица, од кои 112 се повлечени од служба“.
Во врска со 3-месечното продолжување на вонредната состојба, министерот Авџи рече:
„Продолжувањето на вонредната состојба за три месеци е погрешно сфатена. Вонредната состојба во Турција не е насочена кон менување на нормалниот живот на граѓаните на Турција, тоа можат да го согледаат и самите граѓани“.
Министерот Авџи истакна дека вонредната состојба е застапена и на меѓународното право, и истакна дека сѐ уште се спроведува вонредната состојба во Париз.
„Целта на продолжувањето на вонредната состојба за три месеци е потребата од преземање потребни чекори по новите информации што излегоа на виделина од дадените изјави од страна на приведените, собраните докази во врска со структурата на организацијата ФЕТО по обидот за државен удар во Турција на 15 јули“, рече министерот Авџи.
За ефектите од продолжувањето на вонредната состојба, на туризмот, министерот Авџи изјави:
„Домашните и странските тур-оператори, туристичките претставници зборуваат дека вонредната состојба нема никакви негативни влијанија врз приливот на туристи во Турција, туку напротив, ќе биде зголемена нивната безбедност во земјата. Но се разбира дека и покрај сѐ, случувањата во регионот, во Сирија и во Ирак, и повремените терористички настани во Турција можат да влијаат врз одлуката на луѓето што сакаат да патуваат во Турција“.
„Од тој аспект, 2016 година за Турција беше проблематична година на полето на туризмот. Прво кризата што настана со рускиот воен авион и прекинот на соработката меѓу Русија и Турција, која денеска е надмината, но покрај сѐ тука се и терористичките напади коишто негативно влијаеја на туризмот во Турција“.
- „Потребна ни е сериозна, радикална трансформација“
„Претседателот Ердоган обидот за државен удар на 15 јули го имаше објаснето со фактот дека ‘размислувањата не се смениле’, истакнувајќи дека се потребни реформи во културата. Станува збор за политичка култура, која треба да се смени почнувајќи уште во образовниот систем. Она што го преживеавме на 15 јули и сите претходни државни удари се дел од нашата нарушена политичка култура, која од времето на Османлиите продолжува до денеска. Имавме ‘службеници спасители’, потоа ‘офицери спасители’ и ‘вознемирени млади офицери’ и други лоши навики во политичката култура во Турција, кои треба да се отстранат, како што вели претседателот на Турција Ердоган, со цел за трансформација на умот наспроти овие недемократски обиди за државни удари. За да можат младите генерации на правилен начин да се образуваат, потребни се сериозни и радикални трансформации во образованието“.