Gazi Nogay
26 Јули 2024•Ажурирај: 28 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ) Нуман Куртулмуш, осврнувајќи се на обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес, рече дека местото на воените злосторници е на обвинителната клупа, а не во парламентите, јавува Анадолу.
Куртулмуш во својата писмена изјава рече дека Бенјамин Нетанјаху, извршителот на хуманитарни разорувања и масакри што веќе 10 месеци траат во Газа и добиваат размери на геноцид, е крвав воен злосторник и шеф на екстремистичка влада што својата политичка програма ја заснова врз негирање на постоењето и правата на палестинскиот народ.
„Претставата на Нетанјаху (во американскиот Конгрес) заснована врз лаги нема да биде доволна за прикривање на геноцидниот масакр и отворените воени злосторства во Газа, што целото човештво ги следи од почеток“, порача Куртулмуш во писмената изјава.
Тој нагласи дека „местото на воените злосторници е на обвинителната клупа, а не собраниските говорници““.
„Ги ценам совесните членови на Конгресот што не присуствуваа на седницата и оние што ги искажаа своите храбри приговори, кои уште од самиот почеток се противеа на дозволата 'спорното име' да зборува во нивниот парламент“, заклучи Куртулмуш.