Bayram Altuğ
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
КРАНС-МОНТАНА (AA) – Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека о кипарското прашање не може вечно да се преговара и дека актуелната мировна конференција во Швајцарија е последна од таков вид, јавува Anadolu Agency (AA).
Под покровителство на Обединетите Нации (ОН), мировните преговори за кипарското прашање започнаа вчера во швајцарскиот град Кранс-Монтана, а денеска во тој град на Алпите се состанаа челниците на Јужен Кипар Никос Анастасиадес и неговиот колега од Северен Кипар Мустафа Акинџи. Со состаноците модерира советникот и пратеникот на генералниот секретар на Обединетите нации за Кипар Еспен Барт Еиде, а присуствуваат и шефови ма турските и грчките дипломатии, Мевлут Чавушоглу и Никос Коѕијас.
Преговорите имаат за цел обединување на поделениот Кипар во федерална целина, а тоа решение во голема мерка би ги одредило идните односи на Турција со Европската унија (ЕУ).
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека турската делегација дојде со цел да се постигне сеопфатен траен договор и дека не може вечно да се преговара.
Тој рече дека прашањата за безбедноста и гаранциите на Кипар се од клучна важност за Турција.
Се очекува на преговорите во петок да им се прикчучи и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој пред два дена ги повика сите страни да ја искористат приликата и да го обединат Кипар.
Последен обид за обединување на Кипар неуспешно заврши 2004 година кога гласачите во Јужен Кипар на референдумот одбија да го прифатат планот кој го предложи некогашниот генерален секретар на Обединетите Нации Кофи Анан.
На отворањето на вчерашниот состанок, турскиот министер за надворешни работи рече дека турската делегација дошла поради постигнување договор за завршување на петдеценискиот проблем.
Острвот Кипар е поделен 1974 година со воен удар во грчкиот јужен дел на Кипар кој е следен со обидот за прогон на кипарските Турциј, а што беше повод за воена интервенција на Турција како земја гарант на мирот на тој остров.
Од тогаш постои Јужен Кипар, кој е членка на ЕУ и Турска Република Северен Кипар. Турција го задржа военото присуство на островот како гарант на мирот и стабилноста. Актуелните власти на двата дела на Кипар и делегациите на Турција и Грција работат на креирање на план за обединување на Кипар во федерална целина.