Merve Yıldızalp
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во Конгресниот и културен центар во Бештепе одржа говор на Конференција за нов безбедносен концепт, која ја организираше полициската академија. Во своето обраќање, претседателот на Турција рече: „Ние не сме ниту племенска, ниту шаторска држава. Ние сме држава која ја градеше цивилизацијата. Ние сме чесни и горди“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оние неупатените кои мислат дека доаѓаат од таа традицијата, го изведоа 15 јули. Но цената скапо ја платија и ќе продолжат скапо да ја плаќаат цената за тоа. Доколку сѐ уште има од овие неуки, потребно е што е можно порано да се свестат и да се вратат од погрешниот пат по кој се движат.“
Претседателот Ердоган продолжи со зборовите: „Многу добро знаеме дека основна цел на ПКК, ФЕТО, ДЕАШ и останатите терористички организации е да не откорнат од големата сцена и да нѐ воведат во внатрешни судири и кризи.“
Истакнувајќи дека Турција го продолжува својот одлучен став во борбата против тероизмот, Ердоган рече дека во таа борба активно учествуваат сите безбедносни сили и народот и додаде:
„Нашата борба ја јакне самодовербата на сите наши луѓе кои живеат во регион. Верувам дека повеќе нема да има случаи на ‘спуштање ролетни’ на истокот и југоистокот од земјата, бидејќи во такви случаи и тие самите ќе бидат жртви на тероризмот“.
- „Одлучни сме чекор по чекор Турција да ја одведеме понапред"
Ердоган рече дека многу кругови за жал вложуваат големи напори како би го поделиле турското друштво и нација, со што конечно би го запреле прогресот и економскиот раст на Турција. Тој продолжи со зборовите:
„Одлучни сме чекор по чекор Турција да ја одведеме понапред. Ќе продолжимеда ги остваруваме нашите цели и паралелно на тоа ќе се бориме против терористичките организации, предавниците, политички и дипломатските замки, економски напади, пучистите. Ќе продолжиме да чекориме напред за да на следните поколенија им оставиме силна, голема и стабилна Турција. Ќе продолжиме и по цена на животот, доколку тоа е потребно. нашиот народ, својата одлучност ја покажа на 15. јули. Нема сила која може да го запре народот кој не се плаши од смртта".
- „Ќе продолжиме кон Мунбич"
Зборувајќи за ситуацијата во Сирија, Ердоган рече турските сили пристигнале во близина на Ел Баб и ќе продолжат кон Мунбич. Ние не одиме таму затоа ѓто така сакаме, туку затоа што сиот тој регион е потребно да се исчисти од терористичките елементи на ПЈД и ЈПГ.
„Никој не може да не запре во намерата во Сирија да воспоставиме подрачјеочистено од терористичките закани. Потрено е тие да ја пауштат тероритијата и да заминат истошно од Еуфрат. Ние тоа го рековме, 'Ќе заминат'. Ни рекоа дека дел од нив го напуштиле подрачјето. Наша цел е целиот регион да се испазни од тие терористички организации. Целата наша граница со Сирија ќе ја очистиме од терористичките закани. Политичката борба активно ќе ја продолжиме и против терористиките закани и меѓумескепски судири во Ирак. Владите кои немаат капацитет да ја контролираат својата територија и да ги неутрализираат терористичките закани, немаат право да ја критикуваат Турција која го прави тоа. Турција ќе направи сѐ за да ги заштити граѓаните од терористите, а немаме наикакви аспирации кон тероториите на ниту една земја", рече турскиот претседател Ердоган.
Ердоган на конференцијата која се одржа под покровителство на Полициската академија рече дека на територијата на Турција, која е натопена со крвта на загинатите херои, нема место кои ја продале звојата душа на лидерот на терористичката и предавничка сепаратистичка организација ФЕТО, кој живее во Пенсилванија, САД.
„Беше задоволство во првите редови на отпорот против пучистите да се видат полициските службеници на нашата полициска академија. Тоа е доказ на нашиот праведен пат. Нашата полиција веќе никогаш нема да и припаѓа на некоја група, туку само исамо на народот на Турција", заклучи претседателот на Турција Реџеп Тапип Ердоган.