Bayram Altuğ
13 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Турскиот министер за Европска Унија и главниот преговарач Омер Челик го оцени како неприфатливо вчерашното отворање на изложбата на фотографиите на терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека отворањето изложба што пропагира терористичка организација во зградата на Европскиот парламент е во спротивност со основната задача на таа институција да се бори против тероризмот и европските вредности, турскиот ресорен министер Челик рече дека таа изложба е во спротивност со вредностите на Европската Унија.
„Одобрувањето на изложбата ПКК-ПЈД според ништо не се разликува од вршењето пропаганда на ДАЕШ. Европскиот парламент не смее да одобрува такви настани коишто пропагираат терористички организации што свирепо убиваат невини луѓе. Очекуваме од Парламентот да заземе став против појавите што се спротивни на вредностите на Европската Унија“, порача Челик преку социјалните мрежи.
Вчера во зградата на Европскиот парламент во Брисел, отворена е изложбата на фотографии на кои се прикажани припадниците на терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД, вклучувајќи и постери од лидерот на тоа терористичко движење Абдулах Оџалан.
ПКК е сепаристичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и на Европската Унија, но повеќето членки на ЕУ не прават речиси ништо за да ги спречат активностите на терористите на ПКК.