Yusuf Hatip
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за надворешни работи, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган рекол дека САД нема повеќе да ја наоружуваат терористичката организација ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Господин Трамп издаде јасна наредба после која ЈПГ веќе нема да ги наоружуват. Всушност, јасно рече дека требаше и порано да ја заврши оваа глупост", рече Чавушоглу на конференцијата за медиуми по состанокот во Анкара со Леонардо Ше Окитундо, министерот за надворешни работи и регионални интеграции на Демократска Република Конго.
На прашањето на новинарите за разговорот на Ердоган и Трамп, Чавушоглу истагна дека турскиот претседател го информирал американскиот лидер и за Самитот во Сочи.
„Претседателот Ердоган во текот на разговорот на Трамп му ги пренесе информациите во врска со Самитот. Во врска со прашањето на Сирија, односно во врска со прашањата кои се однесуваат на политичко решение, се совпаѓаат ставовите на Русија и САД, како и нашите ставови со американските. Секако, постојат и прашања околу коишто не се согласуваме", рече Чавушоглу.
На крајот додаде и дека Ердоган на Трамп му рекол дека ЈПГ не треба да учествува на состанокот за сириската криза во Сочи.
Потсетуваме, Ердоган и Трамп денеска остварија телефонски разговор, во текот на кој разговараа за билатералните односи, Самитот во Сочи, кризата во Сирија и другите регионални прашања.