İlkay Güder
24 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, остварија телефонски разговор, во текот на кој стана збор за билатералните односи, Самитот во Сочи, кризата во Сирија и за други регионални прашања, јавува Anadolu agency (AA).
Како што дознава АА од извори блиски до кабинетот на претседателот на Турција, во текот на разговорите, двајцата лидери се осврнаа на билатералните односи, Самитот во Сочи, кризата во Сирија и на други регионални прашања.
Се очекува дека во врска со разговорот да биде објавено и подетаљно соопштение.