Fırat Taşdemir
22 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во северна Сирија неутрализирани се 16 терористи на ПКК/ЈПГ за кои е утврдено дека се подготвувале да изведат напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува:
„Спречен е уште еден обид за напад на терористичката организација ПКК/ЈПГ. Тројца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се подготвуваа за напад во регионот на [операцијата] ‘Извор на мирот‘, се неутрализирани со интервенција на нашите херојски командоси.“
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Во 2016 година Турција започна неколку успешни антитерористички прекугранични операции во Сирија со цел да спречи формирање терористички коридор и за осигурување безбедна средина за враќање на раселените лица. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).