Sarp Özer
24 Ноември 2015•Ажурирај: 25 Ноември 2015
ХАТАЈ (АА) - Воениот авион од руското производство, од типот Су 24 соборен е недалеку од турско-сириската граница по десет предупредувања во пет минути, а го пресретнаа и го срушија два турски ловци од типот Ф-16 , утрово околу 9.30 по локално време, соопштено е од Генералштабот на Вооружените сили на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружените сили на Република Турција со два борбени авиони Ф-16 утрово го собориле војниот авион откако што леталото недалеку од сириската област Бајирбуџак, го наруши турскиот воздушен простор.
Пилотите на срушеното летало не се осврнувале на предупредувањата, а при падот леталото го напуштиле скокајќи со падобран.
Се работи за авион од типот Су 24, руско производство.