Muhammed Ali Toruntay
30 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека покажана е потребната чувствителност за исполнување на точките од договорот постигнат на 22 октомври со Русија во врска со источниот дел на Еуфрат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана објави соопштение во врска со договорот постигнат со Русија во рамки на операцијата „Извор на мирот“.
„Од наша страна е покажана потребна чувствителност за исполнување на точките од договорот постигнат меѓу Турција и Руската Федерација на 22 октомври 2019 година во Сочи во врска со источниот дел на Еуфрат“ се наведува во ова соопштение, и се додава:
„На крајот на рокот од 150 часа, Руската Федерација соопшти дека ЈПГ заедно со своите тешки оружја се повлечени надвор од зоната од 30 километри од турско-сириската граница, како и од Мунбич и Тел Рифат. На длабочина од 10 километри во западниот и источниот дел на границите на зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот", со исклучок градот Камишли, ќе започнат турско-руските заеднички патроли. Во овие рамки, започнати се активностите за чистење на оваа рута на патрола од мини, рачноизработени експлозици, како и извршување на набљудувачки летови“.
„Турција никогаш нема да дозволи да се формира терористички коридор јужно од нејзината граница и со решителност ќе продолжи нашата борба против терористичките организации, пред се против ДЕАШ и ПКК/ЈПГ. На овој начин ќе се овозможи доброволното и безбедното враќање на нашите раселени сириски браќа“, се вели во ова соопштение.