Enes Kaplan
03 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
МЕРСИН (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган учествуваше на отворањето на градската болница во Мерсин, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган истакна дека и останатите болници во државата ќе го следат примерот на болниците во Анкара Билкент, Адана, Кајсери и Мерсин.
„Наша основна цел до 2020 година да ги пуштиме во употреба сите градските болници, почнувајќи од 30 големи градови. Дали ја гледате оваа огромна болница? Кога ќе влезете во оваа болница, ќе ја видите модерна внатрешност, ќе ја видите модерна нега на пациентите и ќе потсетите дека сте човек дека сте човек, и ќе речете 'државата се грижи за мене'”, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
- „Сите болници пружаат конфор од 5 ѕверздички”
„Сите болници, и за оние граѓани кои браат лекување и за нивните придружници се со комфор од 5 ѕвездички. Од писта за хеликоптер до паркинг за автомобили, од апаратурата во објектите до системите за енергетска автоматизација, болниците во земјата кои се изградени според највисоки стандарди, на секое поле се издигнува за една класа” , рече турскиот претседател Ердоган.
- Услугите во здравството се подобри од оние во било кој дел од светот
Посакувајќи му населението на Мерсин и неговата околина успешен почеток на работата на новата болница, претседателот Ердоган истакна: „Денешното отворање е со вкупна вредност од 1 милијарда и 100 милиони лири (околу 280 милиони евра). Би сакал да знаете дека здравствената услуга во земјата, и според систематизацијата и според квалитетот, се наоѓа многу над услугите во целиот свет, сметајќи ги тука и Европа и САД”.
- Овој народ нема да ви даде шанса”
Претседателот на Турција Ердоган околу референдумот за претседателскиот систем во Турција рече: „Сетете се на претседателските избори од 2007 година. Знаете кој стоеше против парламентарната волја, криејќи се зад тогашниот претседател и правосудството, нели? Знаете кој се обидуваше да ја турне легитимната влада, нели? Сега тие повторно се во акција... Но, нема да успеат. Оти, кој стои пред нив? Народот стои пред нив, народот. Овој народ нема да им ја даде таа шанса“.
За макотрпниот пат по кој Турција оди сите години наназад, претседателот Ердоган изјави:
„Ја плативме цената во Чанаккале, ја плативме цената во Ослободителната војна, ја плативме цената за време на повоениот период по формирањето на републиката, плативме цена со државни удари, ја плативме цената поради управување под покровителство. Ја плативме цената со политички и економски кризи, и поради социјални немири. На овој начин, плаќајќи ја цената, ја видовме вистината, видовме дека кога народот има право на збор, во тие периоди се доживуваше радоста на победите, а кога народот наидуваше на непочитување, кога тој беше во грч, секогаш наидувавме на разочарување“.