Belgin Yakışan
24 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседател на Управниот одбор на „Turkish Airlines" (THY) Илкер Ајџи денеска во Истанбул изјави дека оваа компанија настојува да биде предводник на производството на авионските мотори во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Техничкиот сектор на 'Turkish Airlines' сака да ги поддржи производителите на делови и да го предводи производството на авионските мотори во Турција", рече Ајџи за време на гостувањето на уредничкиот колегиум на финанскиот оддел на АА.