Zlatan Kapic
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА / ЗАГРЕБ
Генералниот директор на Агенција Анадолија, Шенол Казанџи, упати писмо со поддршка до генералната директорка на Новинската агенција ХИНА, Бранка Габриела Војводиќ, до вработените во агенцијата и до граѓаните на Хрватска поради неодамнешниот земјотрес што го погоди Загреб, а во кој е оштетена и зградата во која се наоѓа канцеларијата на оваа новинска агенција.
„Со голема тага ја примив веста дека во земјотресот во Загреб е оштетена и зградата со канцелариите на Агенцијата ХИНА во Загреб. Во овие тешки моменти Агенција Анадолија е со хрватскиот народ, како и со колегите вработени во пријателската агенција ХИНА“, порача Казанџи во писмото со поддршка до ХИНА.
Казанџи им посака брзо закрепнување на повредените во земјотресот.
Тлото на подрачјето на Загреб и околината се тресе во интервали од неделата од 06:24 часот, кога потресот со сила од 5,5 степени по Рихтер предизвика значителна материјална штета и однесе еден живот.