Hatice Özdemir Tosun
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
АНТАЛИЈА (АА) – Во Анталија, кој се опишува како главен град на туризмот, во Турција оваа година, во текот на 5,5 месеци дојдоа 4 милиони 943 илјади 637 туристи од 180 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Анталија, која беше домаќин на околу 14 милиони странски туристи минатата година, се очекува дека оваа година ќе достигне нов рекорд. Анталија има 2,5 милиони жители.
Според податоците на Директоратот за култура и туризам во Анталија, градот, кој е меѓу најважните туристички дестинации во светот, во јуни со авиони пристигнале 1 милион 643 илјади и 844 туристи. Заклучно со 22 јуни, бројот на странски туристи што го посетиле градот изнесува 4 милиони 943 илјади 637.
Во Анталија најмногу туристи доаѓаат од Русија, на второ место е Германија.
Во истиот период од 2018 година, градот го посетиле 4 милиони 214 илјади 617 туристи. Бројот на туристи на крајот на годината се очекува да ја надмине бројката од 14 милиони.