Gülsüm İncekaya
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Проф. д-р Ајѓун Атар, експерт по меѓународни односи и претседател на Фондацијата за пријателство, соработка и солидарност на Азербејџан (TADİV), изјави дека во Обединетите нации (ОН) ќе преземе иницијатива за исклучување на Франција од копретседателството во Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), откако оваа земја ја загубила нејзината неутралност околу војната меѓу Ерменија и Азербејџан.
ТАДИВ, заедно со група невладини организации и адвокати, ќе поднесат барање за отстранување на Франција од Минската група на ОБСЕ. Оваа фондација, под раководство на проф. д-р Атар, започна активности и на социјалните медиуми во рамките на јавната дипломатија. Фондацијата преку социјалните мрежи им испраќа пораки на странски новинари и на западните политичари во врска со пропагандата за клевета што се води против Азербејџан и Турција.
Зборувајќи за иницијативата за започнување на кампањата, со цел отстранување на Франција од Групата Минск на ОБСЕ, проф. д-р Атар за АА изјави дека Групата што е формирана со цел решавање на конфликтот во Нагорно Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија не даде решение во изминатите 28 години, а Франција, која е копретседавач на Групата Минск, ја изгубила својата неутралност кршејќи ја резолуцијата на ОН.
Проф. д-р Ајѓун Атар потсети дека во 2011 година испратила писмо до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, барајќи на Ерменија да ѝ се суди за воено злосторство, а Франција да го напушти копретседателството на Групата Минск на ОБСЕ.
Таа нагласи дека во 2011 година, францускиот Сенат го прифатил предлогот за усвојување закон со кој негирањето на ерменските тврдења за настаните од 1915 година се сметаат за кривично дело, па дури го вметнал и во Уставот, нагласувајќи дека Франција треба да биде отстранета од Групата Минск на ОБСЕ поради нејзините пристрасни изјави и практики околу најновите тензии меѓу Азербејџан и Ерменија.
Нагласувајќи дека Франција не е неутрална земја во ерменското прашање, проф. д-р Атар го рече следното:
„Иако Турција во повеќе наврати нагласи дека ’за тоа треба да зборуваат историчарите, и двете земји да ги отворат архивите, за овие прашања да дискутираат преку архивите’, Франција тој предлог-закон го усвои во Сенатот. Нагорно Карабах и 7 провинции околу него, кои се територија на Азербејџан, беа окупирани од Ерменија. По окупацијата на овие територии, исто како што го прави тоа со ПКК/ПЈД, Франција повеќе пати упати повик за разговори околу таканаречената држава Нагорно Карабах и под маската на невладини организации одржа средби на високо ниво.“
Истакнувајќи дека повторно ќе поднесат нова апликација за отстранување на Франција од копретседателската функција, проф. д-р Атар рече:
„Откако Азербејџан по окупацијата на неговите територии од страна на Ерменија го искористи правото на самоодбрана според членот 51. на ОН, Макрон изјави: ‘Нема да дозволиме Азербејџан, заедно со Турција по вторпат да го окупира Нагорно Карабах’. Всушност може да се забележи дека иако во ОН постојат 4 точки во кои е наведено дека териториите окупирани од страна на Ерменија му припаѓаат на Азербејџан, Франција како една од 5-те постојани членки на Советот за безбедност на ОН зазема страна и ги негира овие одлуки, кршејќи законски одлуки.“
Наведувајќи дека инсистираат Франција да биде отстранета од позицијата копретседател во Групата Минск на ОБСЕ, проф. д-р Атар изјави дека тие ќе аплицираат до ОН во согласност со меѓународното право, создавајќи сериозно јавно мислење по ова прашање.
Проф. д-р Атар, посочувајќи дека изјавите и ставовите на Франција ќе се сметаат за докази сами по себе, додаде: „Пристрасниот став законски ја елиминира неутралноста на Франција. Затоа, Франција не треба да учествува во решавањето на конфликтот во Нагорно Карабах и треба да биде отстранета од Групата Минск на ОБСЕ. Ние всушност ќе ја заживееме истата апликација што ја поднесовме во 2011 година. Го започнавме процесот“.
- „Не е можно Турција да биде исклучена од преговарачката маса“
Проф. д-р Атар посочувајќи дека иако текстот „нема измена во форматот на преговорите“ наведен во член 4 од Договорот за примирје постигнат во Москва, укажува дека на преговарачка маса не може да седне некоја друга страна, таа истакна дека не е можно Турција да се остави надвор од преговорите.
Потенцирајќи дека од аспект на геополитичката состојба сосема е очигледно дека создавањето каква било формација на Јужен Кавказ без Турција ниту на преговарачката маса ниту на теренот нема да даде некаков резултат, проф. д-р Атар го рече следното:
„Министерот Чавушоглу мораше да биде присутен на масата на која беше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. И претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, исто така во својата последна изјава истакна дека состојбата која не е реализирана во склоп на погодни околности, во иднина нема да продолжи.“