Dilan Pamuk
13 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
АНКАРА/БАЛИКЕСИР (АА) - Најмалку 24 лица се приведени во Турција поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во операциите раководени од Анкара, полицијата приведе 15 осомничени лица во 14 турски области“, велат извори, кои зборуваа под услов на анонимност.
Обвинителите во Анкара како дел од истрагата за ФЕТО, издадоа налози за приведување на 25 осомничени лица, повеќето од нив високи членови на ФЕТО, познати како имами, вклучувајќи еден поранешен воен офицер и четворица отпуштени офицери.
Операциите за пронаоѓање на останатите 10 осомничени лица се во тек.
Осомничените биле идентификувани од сведочењето на други осомничени сослушани во рамките на законот за покајание.
Во друга антитерористичка операција во Баликесир приведени се уште девет припадници на ФЕТО.
Осомничените, меѓу кои се наоѓаат поранешни и сегашни припадници на војската и полицијата, се приведени по налог на обвинителите во Баликесир.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа речиси 2.200 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.