Sinan Uslu
04 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Челникот на Партијата на национално движење (MHP), Девлет Бахчели, ги критикуваше некои арапски земји поради соработката со САД во формирањето на таканаречените „гранични гарди“ од терористите во северната и источната граница на Сирија, истакнувајќи дека тие не го претставуваат исламот, јавува Anadolu Agency (AA).
Бахчели во своето обраќање на неделниот состанок на неговата партија во турскиот Парламент (ТБММ), се осврна и на актуелните теми.
„Се вели дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и некои земји на Заливот ќе дејствуваат заедно со САД за да ги исполнат финансиските, образовните, логистичките потреби, како и потребите за оружје на таканаречените „гранични гарди“, кои ќе се формираат од терористи во северната и источната граница на Сирија. Во случај тврдењата да се вистинити, саудиската администрација која не успеа да се справи со убиството на Кашоги, Обединетите Арапски Емирати кои не можат да го сокријат анимозитетот кон Турција, нивниот долг кон САД го плаќаат на овој начин“, нагласи Бахчели.
„Кој дел од овие земји заробени со империјализам, е исламски, кој дел е праведен? Да знаете дека вие, челниците, кои без волја ја угостувате лагата, кои му создавате замки на турскиот народ, не сте ништо друго освен еден отровен нож забоден во грбот на исламот“, рече Бахчели, додавајќи дека ако Саудиска Арабија се плаши од Бога треба да одговара за убиството на Кашоги.
„Во кој дел од исламот и верувањето верата може да се стави поддршката за непријателите на Турците и Турција, и поддржувањето на терористите?“, нагласи тој.