Kemal Karadağ
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на турската Влада, Бекир Боздаг, изјави дека Турција и САД договориле состанок на високите функционери за решавање на актуелната дипломатска криза предизвикана од визната суспензија на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„Беше договорено претставниците на двете земји да се состанат и во наредните денови тој состанок ќе биде организиран, а потоа ќе бидат преземени и одредени чекори во согласност со исходот од преговорите“, рече Боздаг.
Реагирајќи на затворањето на локалниот службеник од конзулатот на САД во Истанбул, обвинет за поврзаност со терористите на ФЕТО, САД во саботата го прекинаа издавањето визи во дипломатските претставништва во Турција, а официјална Анкара неодамна одговори со иста мерка и го суспендираше издавањето визи во нејзините дипломатски и конзуларни претставништва во САД.