Zehra Ulucak
11 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата министри, наводно, разговарале за прашањето за меѓусебната суспензија за издавање на визи.
Потсетуваме дека властите во САД во саботата објавија дека го прекинале издавањето визи во дипломатските конзуларни претставништва во Турција и дека тоа е мерка за преиспитување на односите на Турција со безбедносните прашања на дипломатските претставништва и персоналот.
Турција одговори со иста мерка и го суспендираше издавањето визи за дипломатските мисии во САД.