Emin Avundukluoğlu
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Вкупно 231 жители од Алепо се лекуваат во болниците во Турција по извршената евакуација од Алепо, се соопштува од кабинетот на премиерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директорат за печат и информации на кабинетот на премиерот, за АА соопшти дека 26 од 231 повредени цивили им подлегнале на повредите и покрај сите напори.
Властите велат дека 33 од 231 повредени жители на Алепо биле отпуштени од болниците, додавајќи дека 95 од нив биле на возраст под 18 години.
Минатата недела, силите на сириската опозиција и режимот постигнаа договор за прекин на огнот, со посредство на Турција и Русија, за евакуирање на цивилите од источен Алепо во безбедните области во Идлиб, кој е под контрола на опозицијата.
Според турските власти, досега од областа се евакуирани 40.000 лица.