Özkan Bilgin
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ВАН (АА) - Озкан Билгин - Островот Акдамар на езерото Ван на источниот дел на Турција, во текот на целата година е привлечен за туристите вљубени во природата, пишува Anadolu Agency (AA).
Островот, кој претставува историско и туристичко место на Ван, годишно го посетуваат илјаднци домашни и странски туристи.
Островот со површина од 0,7 километри квадратни, е богат со културно-историско наследство, а посебно внимание на туристите им привлекува средновеконата ерменска апостолска црква „Св. Крижа".
Плавата вода на езерото, со планината Артос покриена со снег во позадина, претставуваат вистински предизвик за љубителите на фотографии и вљубените во природната убавина. И покрај снегот и ниските температури, љубителите на фотографии доаѓаат на овој остров за да ги забележат најубавите глетки.
Фотографот, Енвер Сенѓул, прв пат го посетува островот Акдамар во зимски период.
„Си заминувам од островот многу среќен. Има неколку групи на фотографи кои дојдоа како и ние. Ова е неверојатно подрачје”, раскажа Сенѓул.