Hakan Mehmet Şahin
17 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Во подрачјето на Едрене се фатени 782 нерегулирани мигранти кои по илегални патишта се подготвувале да заминат во странство, јавува Агенција Анадолија.
Командата на Обласната жандармерија, Командата на 4. Механизирана пешадиска бригада, граничните единици, кои се дел од Командата на 54. Механизирана пешадиска бригада, спроведоа операција заедно со полициските екипи за групите што сакале да ја преминат границата.
Во местата Ипсала и Мерич и пограничните села спроведени се контроли во кои се фатени 782 нерегулирани мигранти од Мароко, Судан, Авганистан, Бангладеш, Пакистан, Сирија, Ирак и Алжир.
Нерегулираните мигранти, по спроведеното полициско заведување, префрлени се во Дирекцијата на обласната управа за миграции.