Gökhan Ergöçün
25 Август 2025•Ажурирај: 28 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Турција во четврток ќе го започне специјалното поморско издание на својот водечки фестивал за технологија, авијација и вселена – ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“, кој ќе се одржи во Истанбул, јавува Анадолу.
Четиридневниот настан, кој ќе трае од 28 до 31 август во Командата на морнаричкото бродоградилиште во Истанбул, ќе ги истакне моќта на турската морнарица и најсовремените технологии, отворајќи ги вратите за посетителите.
На фестивалот ќе се одржат натпревари со беспилотни подводни системи, подводни ракети и автономни поморски возила.
Турската морнарица ќе изложи дел од своите најнапредни бродови, меѓу кои амфибискиот јуришен брод ТЏГ Анадолу, фрегатата ТЏГ Истанбул, противподморничката корвета ТЏГ Бугазада, фрегатата ТЏГ Оручреис, минопоставувачот ТЏГ Нусрет, ако и подморниците ТЏГ Сакарја и ТЏГ Хизирреис.
Покрај воената технологија, на ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“ ќе има изложби за поморската историја и култура, интерактивни виртуелни (VR) искуства и серија конференции.