Enes Kaplan
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
АНКАРА
Во напад на терористите на ПКК во зоната на операцијата „Канџа-гром“ загина еден турски војник, а еден е ранет, известува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана соопшти дека терористите на ПКК отвориле оган врз припадниците на турските безбедносни сили во зоната на операцијата „Канџа-гром“.
„Еден турски војник загина, а еден е ранет и веднаш е префрлен во болница“, се вели во соопштението.
Министерството за одбрана на Турција во соопштението изрази сочувство до семејството на загинатиот војник, а на ранетиот му посака брзо закрепнување.