Sinan Uslu
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Во акциите на турската авијација на јужниот дел на Турција и во северниот дел на Ирак неутрализирани се најмалку деветмина припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Генералштабот на турските вооружени сили, воените акции се извршени во руралните подрачја на областа Ширнак, во јужниот дел на Турција, и во регионот Зап во северен Ирак.
Притоа се неутрализирани најмалку деветмина терористи на ПКК кои подготвуваа напад.
Во акциите извршени утринава, уништени се две складишта со оружје и муниција и три засолништа на терорирстите, вклучувајќи и една пештера.