Hüsnü Aydın,Selman Tür
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
БАТМАН (АА) - Членовите на терористичката организација ПКК извршија терористички напад врз станицата на турската жандармерија во Батман, во југоисточна Турција, а во нападот се повредени неколку луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Цел на нападот беше станицата на турската жандармерија, која се наоѓа на главниот пат што ги поврзува градовите Kозан и Батман.
Според првичните информации од теренот, нападот бил извршен со автомобил-бомба, а на местото на настанот пристигнаа неколку тима на итната медицинска помош кои ги пренесоа повредените во најблиските болници.
Турските безбедносни сили започнаа потера по напаѓачите, а сообраќајот на патот Козлук – Батман во моментот е блокиран.