Gözde Bayar
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Авионот што ја пренесуваше втората пратка на вакцини против Ковид-19 нарачана од кинеската биотехнолошка компанија „Синовак“, утринава пристигна во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот „Боинг 777“ од турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, што полета од Пекинг, на аеродромот „Истанбул“ слета во 06:15 часот по локално време.
Контејнерите со вакцини се проследени на царинска процедура и се префрлени во магацини.
Вкупно 6,5 милиони дози неактивна вакцина против Ковид-19 е донесена што претставува прв дел од втората пратка која се состои од 10 милиони дози.
Масовната вакцинација во Турција започна на 14 јануари откако првата пратка со 3 милиони дози од вакцината „Синовак“ пристигна на 30 декември. Подоцна, беше одобрена втората пратка од 10 милиони дози.
Над 1,23 милиони луѓе, претежно здравствени работници и стари лица, се вакцинирани од 14 јануари.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, и претседателот Реџеп Таип Ердоган беа меѓу првите што беа вакцинирани за да ја зголемат довербата на јавноста во вакцината.
Во Турција воведен е полициски час во вечерните часови во текот на работните денови и за време на викендите за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Од декември 2019 година, пандемијата одзеде над 2,12 милиони животи во 192 земји и региони.
Над 99 милиони случаи се пријавени низ светот, а оздравени се над 54,7 милиони, според бројките објавени од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
САД, Индија и Бразил се најтешко погодени земји.