Yeşim Sert Karaaslan
24 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
АНКАРА
Министерот за здравство на Република Турција Фахретин Коџа потврди дека неговата земја утре ќе добие 6,5 милиони дози интерактивни вакцини во рамките на борбата против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Коџа на социјалната мрежа Твитер сподели информации за транспортот на новата пратка вакцини против Ковид-19. Како што изјави, станува збор за првиот дел од втората пратка која изнесува вкупно 10 милиони дози вакцини.
„Првиот дел (6,5 милиони дози) од другата пратка на инактивирани вакцини, која изнесува вкупно 10 милиони дози, во нашата земја ќе биде во понеделник наутро. Испораките во согласност со планот на набавката продолжуваат без задоцнување", порача министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа.