Ayşe Hümeyra Atılgan
05 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 400 мигранти без документи се притворени денес, за време на операциите против криумчарите на луѓе во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во северозападната турска област Едрене, безбедносните сили притворија 373 мигранти од Авганистан, Пакистан, Сирија, Ирак, Палестина, Мјанмар и од Бангладеш.
„Тие се обидувале да стигнат во Европа по илегален пат“, вели изворот кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Во друга операција во областа Ајваџик, Чанаккале, беа притворени 32 странски лица, државјани на Авганистан и Иран, кои се обидувале да стигнат до грчките острови“, вели друг безбедносен извор.
Исто така, во западната област Газиантеп, безбедносните сили запреа минибус што превезувал 13 Сиријци, кои илегално пристигнале во Турција.
Двајца Сиријци се задржани во притвор поради обвиненија за криумчарење на луѓе.
Сите мигранти беа испратени во регионалните одделенија за имиграција.
Досега, стотици илјади луѓе се впуштија во кратки, но опасни патувања по Егејското Море, за да стигнат до северна и западна Европа.
Според податоците на УНХЦР, секој месец речиси 2.000 бегалци преминуваат на грчките острови.
Стотици лица загинаа во морски несреќи при потонување на голем број чамци и бродчиња со коибиле превезувани мигрантите. Турската крајбрежна стража има спасено илјадници мигранти.