Handan Kazancı
05 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
БАЛУКАЛИ, БАНГЛАДЕШ (АА) - Турската хуманитарна фондација (ТДВ), која спроведува значаен дел од хуманитарните активности на Турција за муслиманското малцинство Рохинџи, испорача хуманитарна помош за повеќе од 150.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според ТДВ, хуманитарната агенција има испорачано 10.258 пакети со храна, 7.000 пакети материјал за чистење, 7.000 кујнска опрема, 4.000 пакети облека, 6.125 предмети за дом, 600 пакети вода и бисквити.
Според агенцијата, со 37.500 семејни пакети се покриени потребите на над 150.000 луѓе. Покрај тоа, дистрибуирани се и 5,5 тони месо.
Од агенцијата се вели дека се изградени две соби за молење и обезбедена е помош за поставување на шаторите.
- Хигиенските услови во камповите
Турската агенција, исто така, обезбеди и хигиенски услови во камповите. ТДВ изгради бунари во областите каде што има слаб пристап до чиста вода. Во некои региони, бунарите се со длабочина од 120 до 200 метри.
Со цел подобрување на хигиенските услови во камповите, ТДВ изгради 11 соби за одморање, осум туш-кабини, како и резервоари со вода.
ТДВ, исто така, дистрибуираше и храна во Балукали, бегалски камп во Кокс Базар.
Два шлепера со пакети храна во која спаѓа ориз, масло, леќа и сол, беа дистрибуирани во камповите каде што живеат десетици илјади Рохинџи.
Ескперт од ТДВ, Абдула Учак за АА изјави дека дневно биле дистрибуирани 1.000 пакети храна, а околу 5.000 лица имале корист од помошта.
Според него, луѓето во камповите го препознаваат турското знаме.
„Кога ќе го видат нашето знаме, на местата на коишто одат, тие извикуваат ‘Туруско’ што на локалниот јазик значи Турчин“, вели Учак.
Араканските муслимани Рохинџа веќе низа години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а од 25. август се соочуваат со нов бран насилства во мјанмарскиот регион Аракан.
Под изговор борба против милитантни групи, мјанмарската војска уништи најмалку 300 муслимански села, од кои најмалку 620.000 жители беа принудени на бегство кон соседен Бангладеш.
Според сведочењата на бегалците, за време на репресијата, безбедносните сили и будистичките банди убивале мажи, жени и деца, ги ограбувале и ги палеле домовите на араканските муслимани.
Комесарот за човекови права на ОН денес предупреди за геноцидот извршен врз муслиманското малцинство во Мјанмар и повика на меѓународна криминалистичка истрага за сторителите на широко распространетите, систематски и шокантни брутални напади врз Рохинџа муслиманите, како и децениите дискриминација и прогон.