Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
ВАН/БАТМАН (АА) - Најмалку 148 нерегуларни мигранти се задржани во источна и југоисточна Турција, соопштија денес локални извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како дел од истрагата за шверц на мигранти и трговија со луѓе, локалните жандармериски сили спроведоа операција во турската област Ван, каде што во комбе беа пронајдени мигрантите“, соопшти Кабинетот на гувернерот.
Двајца од мигрантите беа пронајдени мртви во пренатрупаното возило, останатите 70 мигранти беа задржани од безбедносните сили.
Меѓу мигрантите 37 биле пакистански, 33 авганистански и двајца ирачки државјани.
Приведени се најмалку тројца осомничени за криумчарење луѓе.
Во одделна операција, безбедносните тимови во југоисточната турска област Батман идентификуваа 78 нерегуларни мигранти од Авганистан и Пакистан.
Безбедносни извори соопштија дека мигрантите ги нашле во два автобуса.
Четворица возачи се приведени за криумчарење луѓе, а мигрантите се испратени во локалната канцеларија за миграции.
Турција е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти на патот кон Европа, кои одат со цел да започнат нови животи, особено оние што бегаат од војна и прогонства.