Muhammet Mutaf
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ЕРЗУРУМ (АА) - МУХАМЕТ МУТАФ - Обвинителството во Турција утврди дека лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, кон крајот на ’80-тите години од минатиот век, со лажни документи за вработеност во печатницата во сопственост на неговиот помлад брат, Салих Ѓулен, стекнал право и подолго од две години примал старосна пензија, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на кривичната пријава која ја поднесе Управата за социјално осигурување (SGK), Обвинителството во Ерзурум ја заврши истрагата и во Кривичниот суд во тој турски регион поднесе обвиненија со кои 77-годишниот Фетула Ѓулен и неговиот брат Сали Ѓулен, се товарат за фалсификување документи и измама. Им се заканува затворска казна во рок од 15 години.
Водачот на терористичката организација ФЕТО, примал старосна пензија од 1 февруари 1990 година, кога имал 49 години.
Тоа право го остварил врз основа на документите за повеќегодишна работа во печатницата на неговиот помлад брат Салих, а истрагата откри дека во печатницата не работел никогаш.
Пензијата на Ѓулен е укината по 15 јули 2016 година, кога неговата терористичка организација ФЕТО се обиде да изврши државен удар во Турција.
Во обвинението се наведува дека браќата Ѓулен, здружени со дејствувањето во надлежната канцеларија, доставувале лажни потврди за работата и така со измама стекнале право на пензија.
„Врз основа на лажните документи, Фетула Ѓулен, од февруари 1990 година остварил право на пензија и нанел штета на Управата за социјално осигурување“, се наведува во обвинението.
Во обвинението, исто така, се наведува дека браќата Ѓулен се недостапни на турските органи за гонење, бидејќи се наоѓаат во САД, но дека јавната постапка се покренува за да се откријат сите измами што ги сториле.