Coşkun Ergül
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ТБММ (АА) – Продолжувањето на времетраењето на вонредната состојба во Турција за уште 3 месеци, сметајќи од четврток, 19 јануари, на барање на премиерот денес ќе се разгледува на Генерално собрание во турскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA)
Според добиените информации, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу денес ќе го информира Генералното собрание во врска со внатрешната безбедност и случувањата во последните денови.
На Генералното собрание ќе се дискутира за предлогот на премиерот во врска со продолжувањето на рокот од 6. јануари 2017 година, за период од 2 години. Со тоа ќе ѝ се овозможи на владата да ги утврди регулативите што ќе овозможат испраќање на елементи на Турските вооружени сили во Авганистан, со цел поддршка на мисијата на НАТО, како и на странските сили што учествуваат во истата мисија, да ги добијат потребните можности при нивниот престој во Турција.
За овој предлог, во име на владата, пред Собранието ќе се обрати министерот за национална одбрана на Турција, Фикри Ишик.
На собраниската седница, исто така, ќе се дискутира предлогот на владата во врска со продолжувањето на вонредната состојба за уште три месеци, почнувајќи од четврток, 19 јануари 2017, во 01:00 часот по локално време. Парламентот на Турција ја донесе одлуката за вонредна состојба на 21. јули 2016, и таа сѐ уште трае.
На седницата ќе се разговара и за тоа дали ќе се разгледува предлогот на Народната демократска партија (ХДП) во врска со гласањето недоверба на министерот за внатрешни работи Сојлу, а ќе се избираат и членови за Одборот за заштита на личните податоци.