Ferdi Türkten,Cankut Taşdan
14 Мај 2023•Ажурирај: 16 Мај 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, истакна дека досега во Комисијата не се пријавени негативни случаи за време на гласањето на претседателските и парламентарните избори што се одржаа во земјата, пренесува Анадолу.
Јенер во писмено соопштение нагласи дека заврши гласањето за избор на претседател и 28. состав на Парламентот на Република Туркије.
Тој нагласи дека во Комисија не се пријавени негативни случаи за изборите, заблагодарувајќи им се на учесниците во процесот.
Јенер, исто така, посака изборите да бидат од корист за земјата.
Почна броењето на гласовите за да се утврдат резултатите од претседателската трка меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој бара реизбор, главниот кандидат на опозицијата Кемал Киличдароглу и кандидатот Синан Оган.
Граѓаните на Туркије денес гласаа на претседателските и парламентарните избори и избираа меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.
Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а првпат имаа можност да гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.