Hikmet Faruk Başer
04 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот град Истанбул, кој со 14,8 милиони жители има 18,5 отсто од вкупното население на Турција, воедно е и град со најголем број на џамии во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Муфтиството во Истанбул, во овој град се наоѓаат 3.362 џамии, а само во истанбулскиот кварт Фатих се сместени 340 џамии.
Зад Фатих се наоѓа Усќудар со 186 џамии, Умраније со 143, Бејкоз со 136 и Пендик со 133 џамии. Најмал број на џамии во Истанбул има на островите на Принцот, каде што се наоѓаат девет.
Така во Истанбул со 14,8 милиони жители, една џамија е за 4.403 лица.
Истанбул, од своето освојување во 1453 година, па до 1923 година, беше престолнина на Османлиското царство, а во период од речиси 500 години, во овој град се изградени голем број на џамии, кои одбележаа цела една историска епоха.
Меѓу значајните џамии, кои во текот на целата година ги посетуваат илјадници туристи од целиот свет, секако се издвојуваат Султан Ахмет џамијата, Фатих џамијата, Сулејмановата џамија и многу други.
Да потсетиме исто така дека при крај е и изградбата на џамијата Чамлиџа во Истанбул, најголемата џамија во модерна Турција.