Sibel Uğurlu
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Доцна синоќа беа уапсени 11 лица под сомнение за поврзаност со терористичкиот напад на новогодишната ноќ во ноќниот клуб во Истанбул, вели судски извор, јавува Anadolu Agency (AA).
„Судот во Истанбул издаде наредба осомничените лица влучувајќи ја и сопругата на напаѓачот Абдулгадир Машарипов да бидат притворени под обвиненија за обид да се промени уставниот поредок и поради членство во вооружена тероритстичка организација", вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Помеѓу притворените осомничени лица се Бактиар Абдурашидов, Матитибаке Тусунмаимаити, Маимаити Јумаинијази, Сабри Бентабет, Адили Салиму, Ислам Магомедов, Туерсунг Џианмиксидинг, Абдула Туркистанли, Ракнамо Заидзханкизи и Гулсаја Тлегенова.
Во нападот кој се случи на новогодишната ноќ во ноќниот клуб Реина извршен од страна на напаѓачот Абдулгадир Машарипов, загинаа 39 лица вклучувајќи и полициски службеник.
Машарипов беше уапсен минатата недела во предградието на Истанбул.