ХАТАЈ (АА) - Гувернерот на турската област Хатај, Рахми Доган, истакна дека бројот на загинатите турски војници во воздушниот напад врз елементите на Турските вооружени сили (ТСК) во Идлиб се искачи на 33 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Доган даде изјава за медиумите во градската дирекција на АФАД во врска со воздушниот напад врз ТСК во Идлиб.
Тој информираше за новата бројка на загинати турски војници во нападот, нагласувајќи дека животот го загубиле уште четворица турски војници.
„Како резултат на воздушните напади загинаа 33 турски војници. Повредените војници во болниците не се во животна опасност“, рече Доган.
Исто така, Доган од Бога посака милост за загинатите, додека на повредените им посака брзо заздравување. Тој упати сочувство до семејствата на загинатите турски војници, и до турскиот народ.
„По извесно време ќе ги посетиме нашите повредени во болница. Здравствениот персонал нагласи дека ниту еден војник не е во животна опасност“, додаде Доган.