Ali Kemal Akan,Mümin Altaş
04 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
ШИРНАК (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, кој денеска е во посета на југоисточниот турски град Ширнак, изјави дека братските судири што се случуваат во Сирија и Ирак сигурно нема да бидат префрлени на територијата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер, заедно со делегација го посети местото Силопи, каде што разговараше со жителите кои го информираа за проблемите со кои се соочуваат.
Во своето обраќајќи пред жителите, Давутоглу даде коментар за ситуацијата во соседните земји, велејќи дека таквите конфликти нема да бидат префрлени во Турција.
"Братските судири која се случуваат преку нашите граници во Сирија и Ирак, секако дека нема да бидат префрлени на нашата земја. Да, ние сме во средината на огненинот круг. Секоја вест за нашите загинати војници, не погодува. Единственото нешто што ќе го изгасне огнот е љубов", рече Давутоглу.
Давутоглу рече дека државата ќе направи се, за да се обноват оштетените згради во Силопи.
За инат на оние кои го палеа и уништуваа овој град, ќе му покажеме на светот како тој повторно се гради и изградува, изјави Давутоглу за време на посетата на Силопи, каде што престојуваше со голем број на министри.
Давутоглу истакна дека не се плаши да дојде во Силопи, ниту во било кој друг дел на земјата.
"Јас сум тука денес со моето семејство, со моите браќа и со нашите жители. Ако Силопи е во опасност и под ризик, јас во Анкара не можам да спијам, ниту моето семејство. Ако нема мир во Силопи, тогаш го нема никаде во Турција и во светот", рече Давутоглу.