Faruk Zorlu
21 Октомври 2022•Ажурирај: 22 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека делегација на Воениот комитет на НАТО престојува во посета на Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Делегацијата, составена и од високи воени претставници на земјите членки на НАТО, е информирана во различни национални, но и штабови на НАТО во Истанбул и во турската област Измир, како дел од рутинската и планирана посета“, објави Министерството на Твитер.
Посетата започна во Командата на копнените сили на НАТО (Ландком), чиј штаб е во Измир, а ќе заврши денеска во Истанбул.
Делегацијата престојува во посета и на Мултинационалниот заеднички центар за војување и на Центарот за извонредност на поморската безбедност, еден од двата центри на извонредност акредитирани од НАТО во Туркије.
Делегацијата е информирана и за поддршката дадена во вежбите и оперативните активности на НАТО.