Mehmet Burak Karacaoğlu,Damla Delialioğlu
17 Септември 2025•Ажурирај: 18 Септември 2025
ДАМАСК (АА) - Директорот на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ), Ибрахим Калин, во Дамаск, главниот град на Сирија, оствари средба со сирискиот претседател Ахмед ал Шара, јавува Анадолу.
Според безбедносни извори, Калин и Ал Шара разговарале за билатерални и регионални безбедносни прашања.
За време на состанокот е нагласена важноста на територијалниот интегритет, суверенитетот, политичката стабилност на Сирија и општествениот мир во земјата, а повторена е и непоколебливата поддршка на Турција за Сирија.
На состанокот стана збор и за борбата на новата сириска Влада против внатрешните и надворешните закани, и подготвеноста на Турција да ѝ ја пружи на Владата во Дамаск целата потребна поддршка.
За време на состанокот е дискутирано и за борбата против терористичката организација ДЕАШ. Разгледани се и прашања поврзани со развојот на институционалните капацитети во Сирија, безбедноста на границите и царината, подобрувањето на економските услови и доброволното и безбедно враќање на сириските бегалци.