Yeşim Sert Karaaslan,Yasemin Kalyoncuoğlu,Ferdi Türkten
29 Септември 2022•Ажурирај: 30 Септември 2022
АНКАРА (АА) ‒ Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и дека тема на разговорот ќе биде прашањето во врска со Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган зборуваше на собирот во Анкара, а во таа пригода зборуваше за енергетската криза и Украина.
Кога станува збор за енергетската ситуација, Ердоган рече дека Туркије релативно лесно влегла во турбулентниот период со проекти за гасоводи кои гарантираат безбедност во снабдувањето со енергија, со склучени договори, складишта за течен природен гас и активности на дупчење и истражување кои се спроведуваат во Црното Море и Источниот Медитеран.
„Вечерва ќе разговарам со господинот Путин и ќе имаме можност да разговараме за прашањето за Украина“, наглси тој.
Ердоган се осврна и на борбата со каматите.
„Мојата најголема борба е со каматите, мојот најголем непријател се каматите. Повторно ја намаливме каматната стапка на 12. Ова не е доволно, мора да се намали уште повеќе“, истакна Ердоган и додаде:
„Се бориме против инфлацијата, верувам дека инфлацијата ќе се намалува со ниски каматни стапки по Нова година и јас го бранам таквиот пристап.“