Mümin Altaş
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган го прими комесарот на ОН, Гранди, во Претседателската палата во Анкара, каде што одржаа получасовен состанок зад затворени врати.
Гранди престојува во работна посета на Турција од 7 до 11 септември.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска исто така оствари средба со комесарот Гранди.
Чавушоглу на Твитер по состанокот напиша дека со комесарот Гранди разговарал за прашањето за миграциите.
„Миграциите се заедничко прашање за сите држави. Условот е правична распределба на товарот и одговорностите“, истакна турскиот шеф на дипломатијата.
И турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу разговараше со Гранди и неговата делегација.