ЕУ продолжува да им помага на Србија и Македонија: Потпишани договорите вредни 14 милиони евра за помош на бегалците
Давенпорт наведе дека ЕУ и во иднина ќе ја помага Србија во соочување со бегалската криза?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
БелградБЕЛГРАД (АА) – Претседателот на Координативното тело на Владата на Република Србија, за општините Прешево, Бујановец и Медвеѓа, Зоран Станковиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија Мајкл Давенпорт за време на посетата на прифатниот центар во Прешево, рекоа дека на бегалците треба да им се помогне без оглед на новонастанатата ситуација, односно на терористичките напади кои во петокот се случија во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Давенпорт наведе дека ЕУ и во иднина ќе ја помага Србија во соочување со бегалската криза и потсети дека на почетокот на кризата, на почеток на месец јули, ЕУ издвои околу два милиони евеа во горма на хуманитарна помош за Србија и Македонија.
“Импресиониран сум од ефикасноста на зединчката работа во врска со овој и другите прифатни центри. Мислам дека работат на добар и хуман начин. Сега потпишавме пакет на помош од седум милиони евра од Европската комисија и договори со невладини организации за уште седум милиони евра и за Србија и за Македонија” , рече Давенпорт во изјава за медиумите.
Шефот на Координативното тело за југот за Србија, Зоран Станковиќ, истакна дека е многу важно тоа што рекациите на граѓаните за бегалците се позитивни, и додаде:
“Во секој случај, животот на луѓето во Прешево е отежнат со прилив на вака голем број бегалци, меѓутоа, ние до сега немавме ниту еден инцидент, ниту пак, лоша реакција кон бегалците, што е за пофалба, како за локалното население, така и за локалната самоуправа и луѓето кои се бават со згрижување на бегалците. ”
Станковиќ, во текот на денешниот ден ќе го посети прифатниот центар во Прешево уште еднаш, заедно со претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ, со високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Антонио Гутерес и министерот за работа, вработување, правата на борците и социјални прашања, Александар Вулин.