Ограничен протек на границите: Србија и Македонија пуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан и Иран
- „Во текот на минатата ноќ, неколку мигранти се обидоа да поминат преку зелениот појас во Хрватска, но се уапсени и вратени во Србија“, рече Мелита Шуњиќ, портпарол на УНХЦР во СрбијаKristina Maslarevic
19 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
GevgelijaОграничен протек на границите: Србија и Македонија пуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан и Иран
- „Во текот на минатата ноќ, неколку мигранти се обидоа да поминат преку зелениот појас во Хрватска, но се уапсени и вратени во Србија“, рече Мелита Шуњиќ, портпарол на УНХЦР во Србија, додавајќи дека на „ничија земја“ помеѓу Србија и Македонија се наоѓаат стотина луѓе.
БЕЛГРАД (АА) – Србија, Македонија и Хрватска го ограничија протекот на бегалци од Блискиот и Среден Исток, потврди денес Мелита Шуњиќ, портопаролката на УНХЦФ во Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа во изјава за Anadolu Agency наведе дека постојат три различни ситуации на меѓусебните граници на споменатите земји.
Македонија „не пропушта мигранти од Мароко, Шриланка, Судан, Пакистан, Либерија и Конго“, наведе портпаролката.
„Србија на своја територија од правец на Македонија пропушта само мигранти од Сирија, Авганистан и Иран и тоа оние кои поседуваатдокументи, или своите лични документи за идентификација или регистрациони документи од Грција и Македонија“, рече Шуњиќ.
На границата меѓу Србија и Хрватска се врши заедничка контрола. Според зборовите на Шуњиќ, во Хрватска е дозволен, освен од трите наведени земји, и влез на мигранти од Палестина.
„Во текот на минатата ноќ, неколкумина мигранти се обидоа да поминат преку зелениот граничен појас во Хрватска, но се уапсени и вратени во Србија“, рече Шуњиќ.
Додаде дека на „ничија земја“, помеѓу Македонија и Србија, моментално се наоѓаат „околу стотина луѓе, до кои УНХЦР не може да пријде, освен да им достави ќебиња, храна или вода“.
На прашањето што ќе се случува со мигрантите сега кога им е ограничен преминот преку границите, Шуњиќ наведе дека сите земји се потписнички на Женевската конвенција и дека се обврзани да примат мигранти
„Секоја земја има свои закони за азил.
Сите мигранти имаат право на него, од нив зависи која земја ќе ја изберат за тоа. Кога ќе поднесат барање, секоја земја го проверува тоа нивно барање и одлучува дали ќе им одобри азил или не“, рече портпаролката на УНХЦР, Мелита Шуњиќ.