İlkay Güder
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседател на Партијата за правда и развој (AK Parti) ги соопшти имињата на кандидатите на партијата за градоначалници на 9 града и за градоначалници на 11 општини, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните избори во Турција ќе се одржат на 31 март 2019 година.
Мехмет Озхасеки е кандидат за градоначалник на Анкара, Јуџел Јилмаз на Баликесир, Бурхан Сакали на Ескишехир, Ибрахим Ѓулер на Хатај, Нихат Зејбекџи на Измир, Угур Ибрахим Алтај на Коња, Мехмет Вејди Кахраман на Мардин, Екрем Јуџе на Сакарја и Мурат Зорлуоглу на Трабзон.
Кандидатот на АК Партијата за градоначалник на општината Афионкарахисар е Мехмет Зејбек, на Бингол - Ердал Арикан, на Чанаккале - Ајхан Гидер, на Чанкири - Хусеин Боз, на Чорум - Халил Ибрахим Асгин, на Караман - Махмут Сами Шахин, на Муш - Фејат Асја, на Ушак - Мехмет Чакин, на Јозгат - Џелал Косе, на Сивас - Хилми Билгин и на Токат, Ејуп Ероглу.
Ердоган во саботата претстави 40 кандидати, од кои 14 за градоначалници на градови и 26 кандидати за градоначалници на општини.