A. Eda Ünlü Özen
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес во Анкара дека неговата земја е многу посилна, порешителна и подинамична во однос на 15 јули, кога Турција се соочи со обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган ја објави пораката по повод претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам, во која им го честита празникот на сите муслимани, но се осврна и на актуелните случувања.
„Турција денес е многу посилна, многу порешителна и подинамична земја, во однос на утрото на 15 јули”, изјави Ердоган, и истакна дека турскиот народ на 15 јули испрати јасна порака до оние кои ја отфрлија волјата на народот и помислија дека со државен удар, со тероризам и насилство можат да ја преземат контролата над државата.
„Оние кои имаат такви намери, треба да знаат дека пред нив се наоѓаат 570.000 војници, 260.000 полицајци и 79 милиони жители. Никој нема да нè спречи да ги уништиме терористичките организации кои му се закануваат на опстанокот на нашата земја и народ, кој и да стои зад овие организации”, порача Ердоган.
Се осврна и на борбата на Турција против терористичката организација ПКК, и рече:
„Заедно со нашите безбедносни сили и нашите браќа во регионот, решени сме во тоа Турција да ја спасиме од злото како што е ПКК. Како и Фето, и ПКК нема шанси против способноста на нашиот народ и силата на нашата држава. Истото важи и за огранокот на ПКК во Сирија, ПЈД-ЈПГ. Наша обврска кон народот е да го уништиме ДАЕШ во Сирија, а исто така и да го оневозможиме неговото делување во Турција. ,Штитот на Еуфрат' е нашиот прв чекор кон тоа'”, рече Ердоган.