Faruk Zorlu
07 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и челникот на Европскиот совет денес разговараа телефонски за развојот на настаните во Источниот Медитеран и односите Турција-ЕУ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во разговорот Ердоган посочил дека провокативните зборови и чекори на европските политичари за регионалните прашања нема да придонесат кон решението, се вели во соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Ердоган, исто така, нагласил дека ставот на ЕУ за Источниот Медитеран ќе биде тест за искреноста во однос на меѓународното право и регионалниот мир.
Турскиот претседател ја повика ЕУ праведно да ги исполни своите обврски за да ги спречи чекорите на Грција и некои земји членки на ЕУ кои ги зголемуваат тензиите во Источниот Медитеран и Егејското Море.
Ердоган, исто така, ги повика институциите на ЕУ и земјите членки да останат „фер, непристрасни и одговорни за сите регионални прашања“.
Грчките власти ги оспоруваат актуелните турски истражување на енергетски ресурси во Турција во Источниот Медитеран и се обидуваат да ја загрозат поморската територија на Турција врз база на спорните тврдења за критериумот за присуството на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати бродови за истражување на енергетските ресуси во рамките на нејзиниот континентален гребен, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во регионот.
Официјална Анкара повикува на безусловен дијалог со цел праведна поделба и мирно надминување на тензиите, но исто така вели дека нема да се откаже од своите права и интереси во тој регион.