İlkay Güder
16 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел а тема на разговорт беа последните случувања во Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од извори блиски на Кабинетот на турскиот претседател, двајцата лидери разговарале за теми како што се преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим како и нападите на израелската војска врз Палестинците.
Ердоган ја информираше Меркел и за вонредниот состанок на ОИС кој ќе биде одржан овој петок во Истанбул. Турскиот претседател за време на разговорот истакна дека од големо значење е ова прашање да продолжи да го следи меѓународната заедница, во склоп на ОН.
За време на состанокот исто така e нагласено дека актуелната состојба ја отежнала можноста за пронаоѓање на решение.
Ердоган и Меркел се осврнаа и на билатералните односи, и се согласија околу јакнење на односите, како и блиската соработка и размена на мислење во наредионот период околу регионални теми.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преместувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и вчера.
Во осудувањата што пристигаат од светот меѓу останатото е наведено дека прекумерната сила е недопустлива во случај на мирни протести какви што Палестинците организираа на 70-годишнината од Накба односно масовниот прогон на овој народ.