Bedrudin Brljavac
04 Јуни 2021•Ажурирај: 05 Јуни 2021
ЗОНГУЛДАК
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска присуствуваше на програмата на отворањето на Џамијата „Узун Мехмет“ во градот Зангулдак во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган за време на посетата преку видеоконференција ја следеше и воената вежба.
Турскиот претседател за време на посетата на Зонгулдак истакна дека терористичките организации во таа држава за цел ги зеле џамиите и богослужбите.
„Сите терористички организации, користени од непријателите на Турција, почнувајќи од ФЕТО до ПКК, најпрво ги нападнаа нашите џамии и верата на нашиот народ“, изјави Ердоган, и понатаму додаде:
„Верувам дека секоја џамија која ќе се изгради во нашите градови претставува духовна стража на нашата татковина“, изјави Ердоган.
Тој исто така истакна дека турските сили во последно време постигнуваат успеси на голем број полиња.
„Откако Турските вооружени сили беа исчистени од предавниците во своите редови, само остваруваат успех до успех каде и да се ангажирани. Во последно време имаме можност да се увериме во способностите на нашата војска на сите полиња, од Источен Медитеран, па сѐ до антитерористичките операции кои ги спроведуваат во Сирија и Ирак“, изјави Ердоган.